← НАЗАД НА БОЗА

Паметни предлози за максимално искористување на просторот

Паметни предлози за максимално искористување на просторот
393 Читања

Ова се неколку паметни решенија за тоа како да го искористите просторт, особено ако не располагате со голем животен простор. Направете ред во домот, така ќе имате место за се,а воедно и ќе изгеда убаво.

Ѕид преполн со полици

Наредете наједноставно дизајнирани полици  по целиот ѕид. Овие полици може да ги искористите за сите ситници, книги, кутии…

Остава од подот до плафонот

Во малата остава ставете полици од подот до плафонот. Ќе имате простор да ја исполните целата внатрешност, лесно ќе ви бидат достапни сите ситници, ќе имате прегледност и ред што е најважно.

Сталак за садовите

Дури и кога малата кујна е во прашање, може да се воспостави ред. Ставете сталак на плафонот на кој ќе може да ги закачите сите тави, тенџериња кои имаат рачки.

Вграден простор

Доколку имате шанк, во него може да направите полички кои ќе ги исполните со вашите потребни работи, да ги затворите со лизгачки или обични вратички, кои ќе го прекријат се она што се наоѓа внатре.

Искористете ги и скалилата

Размислете за оваа можност. Секое скалило – фиока. Со ова сигурно ќе го решите постојаниот неред во домот.

Мини канцеларија

Во вградениот ормар може да поставите биро, компјутер и се останато што користите доколку имате работни обврски кои треба да ги завршите од дома.

Закачалка за накит

Ова посебно ќе им се допадне на припадничките на понежниот пол. Сега секое парче накит ќе си има свое место,а и нема да биде заплеткано кога најмногу ви треба, а се брзате.

Вратата на плакарот

На вратата од плакарот може да ставите држачи за пешкири и некои слични работи кои ви требаат секојдневно.

Расколплив мебел

На пример масичката направете ја со огледало на долниот дел. Закачете ја на ѕидот, па користете ја според намената.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk