Пред многу идни мајки стои прашањето како да се породат – природно или со царски рез. И двете опции имаат свои предности и недостатоци, но природното породување веќе има уште една точка во графата “За”.
Излегува дека бебеињата кои се појавиле на виделина по нормален пат, растат со повисок коефициент на интелигенција, наспроти оние кои биле родени со царски рез.
Според научниците од универзитетот во Јеил, кои спровеле посебно истражување, породувањето по природен пат го зголемува нивото на одреден протеин во мозокот на бебето. Токму тој помага за зголемување на интелигенцијата додека растат.
Протеинот наречен UCP2 е веќе извесно дека тој ја зголемува веројатноста новороденчињата да бидат успешно доени. Меѓутоа, сега стана јасно и дека тој помага во краткотрајната и долготрајната меморија на бебињата. А тие се клучни за високиот коефициент на интелигенција.
