← НАЗАД НА БОЗА

Пат до рајот: Волшебни дестинации за меден месец

Пат до рајот: Волшебни дестинации за меден месец
174 Читања

Аитутаки, Барбадос или островот Дерош – изберете ја вашата егзотична дестинација, каде што ќе занемете пред чудата на природата и ќе ја почнете вашата љубовна оаза со партнерот.

Командантот на бродот, Дерош, кој го пронашол овој магичен остров на Сејшелите, ја добил честа ова место покриено со кокосови палми и високи зелени дрвја да биде именувано по него. Иако има само 50 жители, оваа егзотична дестинација денес се смета за една од најатрактивните плажи во светот, а е посетувана од многу туристи.

ostrvo-deros-1375271997-9512

Светилникот кој со сјајот на месечината ги осветлува километарските плажи, е идеален за незаборавни романтични моменти со саканата личност. На младенците особено ќе им биде интересен каналот, длабок 18,6 метри кој води во лагуна, а оваа област ќе ве плени со својата јака сина боја.

ostrvo-deros-1375271997-9502

Младенци, ако одлучите да ги спакувате куферите и да тргнете за Барбадос, свратете и во главниот град на овој остров, Бриџтаун. Откако ќе ја видите интересната и уникатна архитектура на зградите, ќе сфатите зошто тоа е единствениот град надвор од Северна Америка кој го посетил поранешниот претседател на САД, Џорџ Вашингтон.

barbados-1375274581-9514

barbados-bridztaun-1375275035-9522

Уште еден скапоцен морски камен е островот Аитутаки, кој има облик на рамностран триаголник. Тука секојдневно можете да уживате во егзотични вкусови, бидејќи Аитутаки своето шаренило го должи на тропското овошје и зеленчук.

Блескаво белиот песок и џиновските палми ќе ги разбудат сите ваши сетила и ќе ги разгорат вашите емоции, бидејќи со своите весели бои овој остров ја слави љубовта секој ден.

aitutaki-1375271997-9500

aitutaki-1375271997-9498

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk