Мојата кујна

Печени полнети јаболки

Потребни состојки:

75 гр. бадеми

25 гр. путер

5 мл. мед

1 жолчка

60 гр. овесни снегулки

4 големи јаболки

цимет, по вкус

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги сецканите бадеми, путерот, медот, жолчката и овесните снегулки.

Внимателно исчистете ја средината на јаболката за да не ги расипете јаболките.

Користејќи лажица, полнете ги јаболките со претходно подготвената мешавина од бадеми, путер, мед, жолчка и овесни снегулки.

Наредете ги полнетите јаболки во плех.

Печете 45-60 минути додека јаболката не стане мека.

Напиши коментар