Овој пијалок содржи витамин Б6 и Б12, како и фолати, го спречува формирањето на бубрежните камења, бидејќи е добар диуретик.
Конзумирање на пиво во умерени количини е многу корисно за мажите и за жените. Пред сè, содржи бета-глукан, растворливи влакна кои се добри за здравјето на срцето, тврдат експертите на американскиот Национален институт за здравство, истакнувајќи дека црното пиво содржи повеќе од овие влакна.
Во мали количини, пивото исто така го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Тоа е вистинска ризница на витамини Б6 и Б12, како и фолати. Покрај тоа, го спречува создавањето на бубрежни камења, бидејќи е добар диуретик.
Таа, исто така влијае на добриот квалитет на коските, бидејќи поседува завидни количини на силикатни минерали, кои се клучни за зголемување на нивната густина, што е многу важно во борбата против остеопорозата. Најголеми количини на овие минеарли имаат пивата кои содржат висок процент на јачменов слад и хмељ. Редовното конзумирање пиво помага за јакнење на коската и со тоа се спречува нивното пукање во подоцнежните години.