Здраво тело

Победете ја анемијата

Милиони луѓе низ целиот свет страдаат од дефицит на железо во крвта, односно анемија.

Познато е дека анемијата предизвикува замор, летаргија и намалена продуктивност. Таа лошо влијае врз целокупното здравје и го оштетува срцето. За да го олесниме овој проблем, откриваме каква храна треба да вклучите во вашата исхрана.

Кафеавиот ориз е богат со влакна кои помагаат при отстранувањето на токсините од телото, додека пак железото од спанаќот се бори против анемијата.

Овесот е добар избор за оние кои страдаат од дефицит на железо. Започнете го денот со хранлив оброк кој ќе го подобри вашето здравје.

Компирот содржи висок процент на железо, поради што задолжително би требало да го вклучите во вашата исхрана.

Брокулата е богата со железо, што е добра причина да се јаде барем една до две порции од овој здрав зеленчук неделно. Јагодите се богати со железо и содржат витамин Ц кој му помага на телото да апсорбира повеќе железо.

Исто како јагодите, и спанаќот содржи железо и витамин Ц, поради што дефинитивно треба да се најде на вашето мени.

Спанаќот и грашокот исто така содржат железо, исто како и семките од тиква кои што треба да станат вашата омилена замена за грицките.

Напиши коментар