← НАЗАД НА БОЗА

Подарете им патување на младенците

Подарете им патување на младенците
36 Читања

“Друга чувствителна област која може да биде фантастична, но може и да создаде дополнителни компликации за младите. Најдобро е да се провери однапред со младенците”.

Едно од најубавите подароци е патувањето. Но, внимавајте – ова е уште една чувствителна област!

Дали младите ќе можат да земат одмор за време на патувањето? Дали сте се одлучиле за романтично патување кое вклучува авионски превоз, а младоженецот го фаќа паника од летање? Или сте се одлучиле за автобус, заборавајќи дека невестата не трпи долго патување? Како и со уметничките дела и мебелот, бидете сигурни дека овој подарок нема да предизвика поголема штета од добивка.

Ако одлучите да им овозможите одмор во некој спа центар, размислете внимателно дали ќе им се допадне или младоженецот едвај ќе чека да избега од масажата, а невестата нема да отиде на третманите што таа ги сака, бидејќи не сака нејзиниот новопечен сопруг да го види по пилингот на лицето.

Најдобро е сепак да се провери однапред со младенците.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk