← НАЗАД НА БОЗА

Подароци за гостите

Подароци за гостите
93 Читања

„Што да им подарите на гостите на свадбата? Ова не е како Хуго – одберете еден број, дефинитивно ќе направите грешка. Било каква ситница ќе претставува многу вреден спомен, а што ќе биде тоа им преостанува на младенците да одлучат“.

Во последно време се практикува традицијата младенците да им подарат нешто на своите гости. Изборот е на вас – и не, вие не морате да банкротирате ако се одлучите за ова.

Можете да им ја дадете вашата фотографија во рамка од подебела хартија (која ќе ја направи вашиот фотограф на крајот од вечерта), мини тегла со мед и ореви, некоја ситница како мал сад или мала свеќа, вазничка со цвет или букетче од венчавката. Можете и сами да направите мини-благодарници – изборот е неограничен.

Но, имајте на ум – вашиот подарок за гостите би требало да ја претставува вашата благодарност од срце, а не вашиот паричник.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk