Нанесувањето на тушот на очните капаци е еден од најголемите предизвици во шминкањето, бидејќи со овој потег што дава заводлив поглед, лесно можете да претерате и да завршите со неприроден изглед.
Многу жени избегнуваат туш бидејќи мислат дека не знаат како да го применат, се жалат дека овој чекор е комплициран или одзема премногу време.
Но, ние ќе ви откриеме три едноставни чекори со кои ќе го примените тушот како професионалец!
- Најпрво со четката нанесете тенка линија од внатрешниот дел на окото кон надвор. Покријте го добиениот слој со второ поминување со четката врз очниот капак, следејќи го нанесениот слој.
- Направете изглед на мачји очи со повлекување на линија по должина на долниот очен капак кон крајот на веѓата.
- Последниот чекор е да се спои врвот на тушот со средината на окото, тоа ќе го направите со помош на четката со која ќе ја пополните празнината помеѓу линиите претходно нацртани со тушот.
