Американската глумица и модел Оливија Палермо се рачуна како икона на стилот. Оваа титула ја добила поради совршениот стил во беспрекорни парчиња облека. Водејќи се според својот специфичен вкус, атрактивната бринета совршено го уредила својот дом во Њу Јорк.
Дваесет и пет годишната ѕвезда кажува дека воопшто не и било тешко да одбере стан бидејќи нејзиниот татко долго време се занимава со недвижнини. Погледнете како Оливија со средила својот простор за живеење.