Sweet Home

Погледнете ја внатрешноста на култната вила на Версаче

Прекрасната вила пред која беше убиен саканиот моден дизајнер Џани Версаче во 1997 година, и покрај неговиот култен статус, веќе со години не најде нов клиент. Во тоа време, таа бараше повеќе од 125 милиони долари, но на крајот се продаде минатата есен на аукција во износ од 41 милион евра.

 

Нејзиниот нов сопственик е богато семејство во Њујорк, Накаш, кој со помош на гуруто за евенти и реставратор Бартон Г. Вајс Каса Касуарин, го претвори домот на Џани Версаче во медитеранскиот ресторан Ил Соле и бутик хотел Вила од Бартон Г.

 

Во оваа екстравагантна вила има 10 луксузни апартмани, од кои едниот е поранешната спална на Џани. Внатрешноста е дизајнирана во стилот на поранешнито сопственик, а собите може да се изнајмат за 795 долари од ноќевање. Иако овој бутик хотел го нарекуваат интимна локација, нејзиниот ентериер работи токму спротивното; кич, декадентен и експонирачки онака како што претпочиташе Версаче.

  

 

Напиши коментар