Здраво тело

Попладневната дремка позитивно влијае на вашето тело

Со оглед на темпото во кое живееме, сосема е природно што сме уморни и ненаспани. Затоа, понекогаш попладневниот одмор е тоа што ни треба! Научно е докажано дека ако одмараме попладне, стануваме попродуктивни и нашата концентрација е подобра од вообичаеното. Некои научници дури веруваат дека имунолошкиот систем се  рехабилитира за време на попладневните часови.

 

Идеалното време за попладневен сон е околу 90 минути затоа што за тоа време телот ги поминува сите фази на спиење. Доколку се чувствувате одморени после попладневниот сон,може да испланирате и некои активности со кои ќе започнете веднаш по спиењето.

Би било добра идеја да се воведе попдланевниот сон  како еден вид секојдневна рутина. На овој начин, телото ќе се навикне и ќе биде помалку дезориентирано по будењето.

 

Многу е важно тој час и половина на попладневен одмор да биде квалитетен. Затоа потрудете се да се чувствувате пријатно. Направете да ви биде удобно и никој и ништо да не ве вознемири.

 

Следете месец дена  како вашето тело реагира на попладневен одмор и прилагодете го на вашите потреби. Ќе видите дека ќе бидете многу порасположени и поефикасни.

 

Напиши коментар