Motherhood

Попладневното спиење на децата, им помага или им штети?

Според досегашната препорака на стручњаците, децата треба да одморат барем еден час, во попладневните часови, и дека попладневниот одмор е психолошка потреба, нужна на секоја животна возраст.

Но, најновите истражувања велат дека не е добра идејата децата над две години да спијат во текот на денот.

Краткиот попладневен сон се покажал како добар за возрасните, посебно ако се земе предвид дека ја зголемува будноста во остатокот на денот и се име подобри рефлекси.

Според оваа студија, доколку децата над 2 години спијат во попладневните часови, на тој начин ќе им се намали квалитетот на вечерниот сон.

Исто така, вечерниот сон е со подобар квалитет отколку попладневниот сон. Квалитетниот сон обезбедува подобар развој на мозокот. Се покажало дека децата кои спијат попладне за време на викенд, имаат проблем со сонот за време на ноќта.

Напиши коментар