← НАЗАД НА БОЗА

ПОПРАВЕТЕ ЈА ЛОШАТА ФРИЗУРА за само пет минути

ПОПРАВЕТЕ ЈА ЛОШАТА ФРИЗУРА за само пет минути
89 Читања

Колку пати сте се разбудиле со лоша фризура која што ви го расипала цел ден?

Особено ако имате малку време во утринските часови и не стигнете да ја измиете косата, па врзувањето на косата или пунџата се чинат како единствено можно решение.

Но, тоа не мора да биде така, бидејќи постојат неколку едноставни трикови со чија помош можете да ја поправите вашата фризура за само пет минути, и со кои што лошите денови на косата ќе станат минатото:

  1. Намокрете ги критичните прамени

Не мора да ја миете целата ваша коса за да скротите неколку немирни праменчиња. Едноставно намокрете ги само нив и брзо исушете ги со фенот и исправете ги со четката. Нема поедноставно од ова, а особено добро ќе ви дојде кај немирните шишки. Нив можете да ги навлажните и со влажен чешел, кој можете да го повлечете низ шишките.

  1. Што е со кадриците?

Ако имате кадрава коса, испрскајте ја со вода по целата должината и исплетете две плетенки. Ако премногу не се брзате, оставете ги да се исушат на воздух, но можете да го забрзате процесот на сушење со фен. Ако се одлучите за опцијата со фен, тогаш прво малку исушете ги плетенките, а потоа расплетете ги и исушете ја косата целосно.

  1. Фигаро за коса како спас

Ако сте се разбудиле со прекршени прамени, немојте да посегнувате по пеглата за коса, бидејќи овој начин ќе ви одземе премногу време. Најлесно ќе ги поправите немирните прамени со фигаро.

  1. Променете го патецот

Ако косата вообичаено ја носите на лева страна, поместете го патецот на десно десно, и обратно. Со овој едноставен потег не само што ќе ја поправите лошата фризура, туку исто така ќе го освежите вашиот изглед.

  1. Залижете ја косата

Залижаната коса е повторно кул и во новата сезона и секако многу поинтересна опција од коњската опашка. Ако сте смели, деновите на лошата коса се совршени за испробување на овој изглед и единственото нешто што ви треба е добра четка и малку гел за коса.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk