← НАЗАД НА БОЗА

ПОПУЛАРЕН ДЕКОР НА ЅИДОТ! TATTOO СО КРЕЧЕЊЕ: овој декор можете да го изведете сами, а ефектот извонреден!

ПОПУЛАРЕН ДЕКОР НА ЅИДОТ! TATTOO СО КРЕЧЕЊЕ: овој декор можете да го изведете сами, а ефектот извонреден!
216 Читања

Покрај фототапетите, ѕидната тетоважа е многу популарна поради својот ефект!

Декорирањето на ѕидовите може да донесе многу возбудливи промени во амбиентот- во зависност од изборот на мотивот. Постојат неколку начини да се направи декорацијата која наликува на тетоважа на ѕидна површина. Оној кој има вешти раце ќе му биде доволна малку имагинација. Покрај тоа, можете да користите шаблони кои сега се достапни во продавниците за фарби, или,  едноставно, да купите готови стикери, кои се исто така достапни во специјализираните продавници.

Цртеж

Исцртајте со молив, а потоа со молерска лента излепете ја по рабовите површината што сакате да ја насликате. Потоа нанесете ја бојата со четка!

Стикери

Готовите налепници можат да ги заменат насликаните мотиви – тие се поставуваат лесно и брзо.

Шаблони

Со помош на готови, купени шаблони можете да направите и посложени мотиви.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk