Со малку време и многу малку пари можете на вашето лице да му овозможите најдобра нега! Познатата италијанска маска од маслиново масло и портокали ќе ги избрише брчките и на вашето лице ќе му ја врати свежината!
Како да ја подготвите маската?
Маската за нега на чувствителната кожа ќе ја направите за многу кратко време. Измешајте две лажици обичен крем за лице, една жолчка од јајце, една лажица маслиново масло и неколку капки сок од портокал. Добро измешајте, па смесата рамномерно нанесете ја на лицето избегнувајќи ги деловите околу очите. Оставете да делува 15 минути, па измијте со млака вода.
За втората варијанта на маска потребно ви е маслиново масло и рендана кора од портокал. Измешајте две лажици маслиново масло со сок и рендана кора од еден портокал. Со смесата масирајте го лицето, вратот и деколтето, па оставете да се впие 20 минути. После тоа измијте го лицето со топла вода.