Дефиницијата 3 часовна диета, воглавно се темели на концепцијата дека најдобриот начин за отстранување на вишокот килограми се постигнува со редовна и почеста исхрана во мали количини, а уште поважно е во кое време ги јадете производите што ги избирате. Во овој случај треба да јадете на секои 3 часа, а со тоа ќе губите 1 килограм неделно. И тоа на најкритичните места за слабеење.
Диетата ја креирал Jorge Cruise, познат експерт за слабеење, кој тврди дека телесната стапка на метаболизмот се зголемува ако се јаде на секои 3 часа, кое доведува да телото согорува повеќе калории. Оваа диета, односно режим на исхрана, нема одреден план која храна треба и како да ја подготвувате, но сепак се одредени производите кои се препорачуваат:
– пожелно е да се пие дневно по 8 чаши вода.
– кофеинот не е забранет, но за секоја чаша кафе ќе морате да испиете уште 2 чаши вода.
– алкохол конзумирајте само во ретки прилики.
Она што е важно да се разбере целта на оваа диета е дека треба да се избере онаа храна која ви одговара и строга контрола во кое време од денот јадете, а бројот на калории кои ќе смеете да го внесувате дневно изнесува 1,450 – поради тоа нутриционистите оваа диета ја сметаат за многу здрава.
3 ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА “3 ЧАСОВНА ДИЕТА”
1. Оставете да помине 1 час откако ќе станете од спиење, па потоа доручкувајте.
2. Јадете на секои 3 часа по доручекот.
3. Престанете да јадете 3 часа пред да одите во кревет.
БРЗАТА ХРАНА Е ЗАБРАНЕТА
Сепак, ниту оваа диета не е идеална: строго е забрането да јадете брза храна и месо пржено во голема маснотија. Диетата треба да трае 28 дена, но ако не сте задоволни од посакуваната тежина, можете и понатаму да продолжите со посебниот режим на исхрана.
ПОЖЕЛНО Е ВЕЖБАЊЕ ВО ТЕКОТ НА ДИЕТАТА
Вежбањето ќе ви помогне во изградбата на мускулната маса и ќе допринесе побрзо слабеење. Нутриционистите оваа диета ја препорачуваат на сите, бидејќи е здрава, благотворно делува на цел организам, коса, нокти, но сепак овозможува да се ослободите од вишокот масти и килограми.