Мирисот на печени лешници е главен адут на овие прекрасни посни колачи!

Состојки:
- 1 пакување медени розен кори (со што понеутрален вкус)
- 3 дл билно млеко (соја, бадем, ориз …)
- 100 гр шеќер
- 3 лажици гриз
- 2 лажици остро брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 150 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр мелен лешник (печен)
- Глазура:
- 150 гр чоколадо
- 1 лажица маргарин
- 2-3 лажици топла вода
Во теџере промешајте млеко, шеќер, брашно и гриз. Гответе на средна температура додека филот не се згусне, а потоа додадете ванилин шеќер. Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, а потоа измешајте го со филот. На крај, додадете ги лешниците.
Филот поделете го на три дела и исфилувајте ги корите (во пакувањето има 4 кори). Притиснете со нешто тешко, така што корите и филот ќе се соединат.
Кога корите ќе омекнат, истурете ја глазурата врз колачот која ќе ја подготвите со топење на чоколадото и маргаринот на ниска температура и на крајот ќе ја додадете водата.
Забелешка: за мрсна варијанта, заменете го млекото и маргаринот.
