← НАЗАД НА БОЗА

ПОСНИ ЛЕШНИК КОЦКИ: десерт со медени розен кори

ПОСНИ ЛЕШНИК КОЦКИ: десерт со медени розен кори
92 Читања

Мирисот на печени лешници е главен адут на овие прекрасни посни колачи!

Состојки:

  • 1 пакување медени розен кори (со што понеутрален вкус)
  • 3 дл билно млеко (соја, бадем, ориз …)
  • 100 гр шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 2 лажици остро брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр мелен лешник (печен)
  • Глазура:
  • 150 гр чоколадо
  • 1 лажица маргарин
  • 2-3 лажици топла вода

Во теџере промешајте млеко, шеќер, брашно и гриз. Гответе на средна температура додека филот не се згусне, а потоа додадете ванилин шеќер. Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, а потоа измешајте го со филот. На крај, додадете ги лешниците.

Филот поделете го на три дела и исфилувајте ги корите (во пакувањето има 4 кори). Притиснете со нешто тешко, така што корите и филот ќе се соединат.

Кога корите ќе омекнат, истурете ја глазурата врз колачот која ќе ја подготвите со топење на чоколадото и маргаринот на ниска температура и на крајот ќе ја додадете водата.

Забелешка: за мрсна варијанта, заменете го млекото и маргаринот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk