Кога ќе ги направите еднаш, ќе ги правите одново и одново …

Доколку сакате семки, овие стапчиња ќе ве воодушеват.
Состојки:
550 грама брашно
200 грама семки од сончоглед
100 грама сусам
50 грама семки од тиква
50 грама ленено семе
две децилитри пиво или вино
еден децилитар масло
прашок за пециво
една лажичка сол
еден маргарин
Подготовка:
Ставете го маргаринот и маслото во сад и изматете.
Потоа, додадете ги и другите состојки – брашно, семки од сончоглед, сусам, семки од тиква, ленено семе, пиво или вино, прашок за пециво и сол, и добро измешајте така што сите состојки ќе бидат соединети.
Дозволете смесата да одстои еден час на собна температура.
Развлечете го тестото и исечете го на ленти со правоаголна форма, така што ширина ќе биде два до три сантиметри и должината околу седум до осум сантиметри.
Печете на 220 степени околу 20 минути.
