Motherhood

Постои ли совршена разлика во годините измеѓу децата?

Многу родители кои го добиле првото дете и веќе размислуваат дали да имаат и друго, ги мачи ова прашање. А ние се запрашуваме дали постои совршена разлика во годините измеѓу децата и каква врска има тоа?

Експертите велат дека не постои совршена разлика и без оглед дали ќе се одлучите за друго дете откако малку ќе порасне првото или ќе сакате да почекате малку подолго, ќе биде потребен период за прилагодување кога другото бебе би стигнало дома. Тоа е ситуација која ќе блијае на вас но и на вашето прво дете, независно колку години би имало тоа. Од друга страна пак, потполно е природно да саката разликата помеѓу нив да е што помала, од проста причина што нкога тие би пораснале ќе можат заедно да се дружат и да имаат многу работи заеднички, отколку кога разликата помеѓу нив би била поголема. Позитивната страна на помала разлика е тоа што децата имаат заеднички интересиранја и покрај братот или сестрата имаат и другарче за игри. Лошата страна е тоа што децата тешко ја развиваат сопствената индивидуалност бидејќи се секогаш со братот или сестрата.

Во принцип, не постои правило освен од она кое што вие сте го замислиле и на што мислите дека сте спремни. Сами одлучувате дали сакате вашето дете да има другарче или пак сакате посебно да посветувате време на децата додека се сеуште мали. Во секој случај, без оглед на разликата за друго дете, ќе ви биде потребна неопходна посебна енергија, време и пристап.

 

Write A Comment