← НАЗАД НА БОЗА

ПОСТОЈАНО ГИ ПРЕСКОКНУВАТЕ ОБРОЦИТЕ? Немаме добри вести за вас, ова се ПОСЛЕДИЦИТЕ!

ПОСТОЈАНО ГИ ПРЕСКОКНУВАТЕ ОБРОЦИТЕ? Немаме добри вести за вас, ова се ПОСЛЕДИЦИТЕ!
50 Читања

Постојат многу стапици кои ги крие овој начин на исхрана.

Поради брзиот начин на живот, повеќето од нас прескокнуваат оброци и не стигнуваат квалитет да изедат дури ниту еден цел оброк во текот на денот.

Постојат многу стапици кои ги крие овој начин на исхрана, т.е. прескокнувањето на оброци. Ако сте на диета, тоа само ќе го успори процесот на губењето на тежината, ако сте загрижени за вашето здравје, само ќе го нарушите со прескокнувањето на оброци.

Еве што се случува со организмот ако прескокнете оброк:

Кожата и косата страдаат: Ако ова е вашиот начин на исхрана, кожата и косата нема да добијат доволно хранливи материи, а резултатот е сува кожа и коса без сјај.

Променете ги вашите навики и вклучете многу храна од видот на домати, малини и риби во вашата исхрана и изберете зелен чај за ваш пијалок.

Мозокот, исто така, страда: Бидејќи нивото на шеќер во крвта се намалува поради недостаток на хранливи материи, истото се случува и со метаболизмот, а тоа ги вклучува и метаболички процеси во мозокот.

Недостатокот на енергија во форма на гликоза влијае врз расположението и нивото на енергија. Значи, ако сте особено лошо расположени и уморни денес, изедете нешто брзо!

Се ослободува хормонот на стресот: Ако редовно ги прескокнувате оброците, се забавува работата на метаболизмот , но се ослободува хормонот на стресот.

Резултатот е често прејадување па ќе внесете многу повеќе калории отколку што планирате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk