Motherhood

Поттикнете го вашето дете да ги изрази своите емоции

Децата се најосетливи кога се во прашање нивните емоции. Тие може да се бунат или да ве послушаат, зависно од ситуацијатта. Важно е да им дадете простор и слобода да ги изразат своите чувства и мислења.

– Прифатете и почитувајте ги чувствата на вашето дете. Направете го тоа слушајќи ги тивко и внимателно.

– Покажете дека сте слушнале се што ви кажале. Вашето внимние ги наградува да изразат нови идеи и чувства. Престанете да работите во моментот, завртете се кон детето и внимателно слушајте .

– Од време на време преправете или преформулирајте ја сржта на она што вашето дете го зборува. Многу е важно тоа да користи што повеќе реченици за изразување на емоциите.

– Немојте да ги отфрлите нивните чувства, иако можеби звучат глупаво понекогаш. Доколку ги отфрлите тоа ќе влее чувство на несигурност во нив .

– Пуштете ги да направат грешка од која ќе научат. Тоа ќе им овозможи да се разберат себе и ситуацијата околу нив.

Write A Comment