Колку пати на ден се храните?
А) 3 пати и повеќе,
Б) 2 пати,
В) еднаш.
Често ли појадувате?
А) секогаш,
Б) еднаш седмично,
В) ретко.
Од што се состои вашиот појадок?
А) житарици со млеко или јогурт или овошје,
Б) намачкано лепче, сендвич, геврек и сл,
В) ништо или брза храна.
Често ли воведувате ужинка помеѓу главните оброци?
А) никогаш,
Б) еден до два пати,
В) 3 пати.
Колку често јадете свежо овошје и зеленчук?
А) 3 пати на ден,
Б) еден до два пати дневно,
В) помалку од 3-4 пати седмично.
Колку често јадете печено?
А) еднаш седмично,
Б) 3-4 пати седмично,
В) речиси секој ден.
Колку често јадете благи работи: торти, чоколади и сл?
А) еднаш седмично,
Б) од 1 – 4 пати седмично,
В) речиси секој ден.
Со што избирате да го намачкате лепчето?
А) маргарин,
Б) путер,
В) нискомаслен намаз од сирење.
Колку пати седмично јадете риба?
А) повеќе од еднаш,
Б) еднаш до два пати,
В) еднаш или поретко.
Пред да пристапите кон приготвување на јадење со месо вие:
А) ја отстранувате целата маснотија,
Б) отстранувате само дел,
В) не ја отстранувате маснотијата.
Одговори:
А) носи 2 бода
Б) носи 1 бод
В) носи 0 бода.
Од 19 до 22 бода – вашата диета е идеална и вашата здравствена состојба не е во опасност. Не менувајте ништо во својот режим и само продолжете така. Вие имате вроден усет и знаете да прецените што е полезно и што не.
Од 15 до 18 бода – многу добра диета. Од вас се бара единствено да ја зголемите конзумацијата на овошје и зеленчук. Останатото е во ред. Вашето здравје не е во опасност, бидејќи вие имате јасна претстава за тоа што е здрава и правилна исхрана.
Од 11 до 14 бода – вашата диета треба да се подобри. Со цел да не нанесете штета на вашата здравствена состојба вие треба да јадете повеќе овошје, зеленчук и риба, а помалку месо, пржена храна и благо.
Од 0 до 10 бода – вашата диета има потреба од итна интервенција. Постои сериозна опасност за вашата здравствена состојба. Имате потреба од прочистување на организмот од токсините насобрани како резултат на нездравиот начин на живот. Информирајте се добро што е тоа здрава храна и почнете уште сега!!!