← НАЗАД НА БОЗА

Празници над облаците: видиковец Pyramidenkogel

Празници над облаците: видиковец Pyramidenkogel
90 Читања

Заштитниот знак на австриската провинција Корушка е видиковецот на планината Pyramidenkogel, кој се наоѓа веднаш до границата со Словенија.

Иако за да го разгледате овој крај и да се искачите на видиковецот, секоја сезона нуди посебно искуство, сепак најубавото искуство е во зима, кога планината е покриена со снег.

Дрвната кула на Pyramidenkogel е висока 100 метри. Кога ќе се качите на неа, ќе се најдете на над 900 метри надморска височина и ќе имате уникатен поглед на зимското езеро околу провинцијата Корушка.

Трите платформи на располагање имаат прекрасен поглед на Корушка и нејзиното тиркизно езеро Wörthersee или долината на езерото Keutschacher.

Доколку погледнете во далечината, повторно ќе почувствувате смиреност пред спуштањето од кулата, и тоа со највисокиот покриен тобоган во Европа.

Храбрите ги чека 30 секунди незаборавно спуштање, за кое сите сонуваат уште од детството. А во подножјето на кулата ќе ве пречека светликавиот зимски саем, каде што локалните претприемачи ги изложуваат и ги продаваат своите ракотворби.

Празничната атмосфера е надополнета со посебна музика. Кога ќе се спуштите, ќе уживате во погледот на кулата, која има волшебен изглед за време на празниците.

Кулата е отворена за време на викендите од 11 до 19 часот. Посебна програма е организирана за деца од 16 до 18 часот. Влезот за возрасни изнесува 21,90 евра, за деца над шест години 10,90, а за деца до шест години е бесплатно. Ако одите во група од повеќе од 20 лица, имате попуст, така што можете да влезете за девет евра.

Одлична храна и извонредна атмосфера

Корушките специјалитети, како што се kasnudelna, ritscherta i saure suppe, можете да ги пробате во бројните ресторани, кои ден денес цврсто ги чуваат тајните на своите рецепти.

Доколку сакате да уживате во традиционалната кујна во домашна атмосфера, посетете го ресторанот “Hamatle” во Linsengasseu, кој се обидел да ја зачува уникатната атмосфера и традиција, како во уредување на ентериерот, така и во интересна понуда на локални специјалитети.

За да ја доживеете посебната атмосфера на езерото, посетете го ресторанот “Maria Lotretto”, долж брегот на Клагенфуртското езеро.

Тој ќе ве воодушеви со прекрасен поглед, голем избор на јадења од риба и меса и романтична атмосфера.

Историја

Корушка е историско место кое се наоѓа со поголемиот дел во областа на денешна Јужна Австрија, а во помала мера и во областа на сегашната северна Словенија.

Од 976. до 1806. беше дел од Светото римско царство, па земја под круната на Хабсбуршката монархија, се до нејзинотот распаѓање во 1918. година.

По завршувањето на Првата светска војна и распадот на Австро-Унгарија, на 10. октомври 1920. година се одржа Корушки референдум, со кој требала да се одлучи за судбината на покраината.

Според резултатите од референдумот, таа е поделена, така што најголемиот дел од неа иприпадна на Австрија, а помал дел од Кралството на СХС, го наследи денешната Словенија.

Австрискиот дел од Корушка е денешната сојузна држава Корушка (Kärnten), додека словенечкиот дел е неформалната провинција Корушка(Корошка).

Мал дел од Корушка и припадна на Италија во 1918. година.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk