Ако носите леќи, никогаш не спијте со нив! Оставени преку ноќ, леќите може да го блокираат снабдувањето со кислород на рожницата, што понекогаш може да биде причина за појава на разни инфекции. Со леќите, можете само кратко да дремнете.
Водете сметка за вашите очи кога нанесувате креон. Никогаш не ја повлекувајте линијата на очниот капак над трепките. Ако го правите ова, може да се појават иритации, па дури и инфекции, поради директниот контакт на шминката со окото. Но, и за очите не е добро спиењето со шминка, бидејќи може да резултира со затворање на солзите канали и, се разбира, доаѓа до инфекција. Значи, без разлика колку сте уморни, секогаш отстранете ја вашата шминка пред спиење!