Сите оние кои се решаваат на патување сами може да се случи да залутаат, да тргнат во еден правец да завршат на друг. Во ваков случај не мора да се грижат дали ќе им смета тоа на нивните сопатници, дали ќе се согласат со нивните желби… Оние кои патуваат сами не со ограничени ама баш со ништо, и можат да си ја исполнат секоја своја желба без притоа да се правдаат некому. Освен тоа, во текот на ваквите патувања можат да се запознаат подобро самите себе си и да научат нешто повеќе за себе. Дополнителен бонус се пријателставата кои се стекнуваат во текот на ваквите авантури. Пред да се одлучите на ваков чекор ќе биде потребно да си одговорите на следните неколку прашања преку кои ќе донесет цврска одлука дали тоа би било паметно или не.Секако во целата таа приказна е многу важно да се потенцира сигурноста и да се избегнат потенцијално опасните ситуации…
- Што може да изгубите?
Направите попис на сите работи. Сега откако го имате пописот на сите работи поради кои не би оделе сами на патување, фрлете го ливчето во канта. Ако се плашите сами да патувате, поточно, ако се плашите да бидете сами токму е тоа, тоа што ви треба. Да се сретнете сами со себе е непроценливо, можеби тоа одамна не сте го направиле.
- Дали можете сами да си направите да ви биде забавно?
Освен сигурноста, кај повеќето патници кои патуваат сами најголем притисок е потенцијалната самотија. Тоа е неизбежно, било кој на такво патување ќе се почувствува осамено, но тоа чувство може да биде и позитивно и негативно. Нормално е искуствата и впечатоците да сакате да ги поделите со некој. Токму тој некој сте самите вие, бидете сами на себе пријател и однесувајте се како и кон другите ваши пријатели. Се на се не звучи воопшто лошо зар не?
- Дали сакате да запознаете нови луѓе?
Секако дека сите сакаме да запознаеме некого. Но доколку не сте расположени за нови пријателства и тоа е сосема ок. Токму тоа е и целта на овие патувања, да нема правила.
- Дали сте свесни дека кога патувате сами нема да има кој да ви стои над глава?
Бидете искрени сами со себе, која е целта на вашите патувања? За почеток, се наоѓате во странска држава, нема кој да ви стои над глава. Ако сакате да претерате малку со алкохол и тоа е дозволено (нормално во граница на нормала) и притоа нема да има кој да ве контролира и да ви зборува. Ова е прилика во која нема да имате никакви пречки во остварување на вашите желби…
- Колку пари мислите да потрошите?
Доколку буџетот за патувањето е поголем, тогаш дозволете си ги сите екстравагантни додатоци за кои секогаш сте сонувале. Но се не се сведува на парите. Секако дека ќе мора да го испланирате финансискиот дел од патувањето, држете се до некој план. Предноста на целото патување е дека се ќе трошите само на себе и своето уживање и за се одлучувате само вие.
