← НАЗАД НА БОЗА

Прекрасен дом на фарма – повеќе од задоволство…

Прекрасен дом на фарма – повеќе од задоволство…
291 Читања

Stock Farm Residence e дизајниран од страна на студиото Locati Architects. Оваа преубава, топла резиденција е лоцирана во малото гратче Хамилтон, во Монтана, САД. Рустикалните примеси и чистиот израз на дрвото, формираат чувство на едноставност и спокој…

Според дизајнерите, проектот е дизајниран на три делови со цел, поголема приватност, односно сепарација од јавноста. Главните, поголеми простории се централно поставени, заедно со другите елементи кои ја создаваат целокупната хармонична идила. Секоја секција од домот е поврзана со ходници, во кои изобилуваат гламурозни прозорци. Глетката која ја овозможуваат, едноставно не може да се опише со зборови…

Клучен дел од целата оваа приказна е централно поставениот простор во кој се наоѓа специјално вградена скара, преубава област во вид на трпезарија и извонредно огниште. Важен дел од овој проект е и уметничкото студио, кое причината за постоење ја наоѓа во преубавата глетка која го опкружува…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk