Здраво тело

Придордни антибиотици за јакнење на имунитетот

Со оглед на наглите временски промени, настинките и вирусите повторно стануваат наша најголема грижа. Затоа издвоивме 3 природни антибиотици кои најефикасно го јакнат имунитетот го подготвуваат организмот за борба против бактерии и вируси.

  1. Бел лук

Белиот лик содржи состојки кои активно се борат против вирусите и бактериите. Луѓето кои секојдневно јадат по едно чешне лук имаат 30% помали шанси од рак на дебело црево и 50% помали шанси за рак на желудник. Лукот е богат и со антиоксиданси кои ефикасно се справуваат со инфексиите.

  1. Масло од оригано

Истражувањата покажале дека маслото од оригано спаѓа во редот на најаките природни антиоксиданси. Го потикнува работењето на имунолошкуиот систем и го подготвува да се избори со вирусите, бактериите па дури и со габичните инфекции. Има јако антибактериско својство, а делува многу смирувачки. Особено е добро за борба против хронично воспалените синуси.

  1. Лути пиперки

Лутите пиперки содржат низа на активни состојки кои имаат антиоксидантно и антибактериско својство. Нивното секојдневно конзумирање спречува различни инфекции, особено кај луѓе кои имаат проблем со срцето или респираторниот систем.

Ако сакате да се заштите себеси и да го зајакнете имунитетот конзумирајте ги овие намирници и бидете “здрави како дрен”!

Напиши коментар