← НАЗАД НА БОЗА

Придржувајте се до правилата: Ова е периодот од денот кога треба да внесете јагленихидрати во организмот!

Придржувајте се до правилата: Ова е периодот од денот кога треба да внесете јагленихидрати во организмот!
180 Читања

Употребата на јагленихидрати е неопходна за да бидете полни со енергија, и можеби не сте знаеле дека во одреден временски период е идеален за неговиот внес.

Секоја диета бара од нас да се усогласиме со поставените правила за исхрана за да ги постигнеме оптималните резултати.

Сепак, постојат некои општи правила за конзумирање на одредени видови на храна.

Сигурно често сте слушнале за  советот дека рафинираните јагленихидрати се пожелни за конзумирање наутро, за појадок.

Многу луѓе поради оваа идеја во утринските часови се частат со своите омилени колачи, бел леб или палачинки, верувајќи дека без проблем ќе ги согорат состојките што  ги внеле.

Сепак, мислењето за најдоброто време за внесување на јагленихидрати полека се менува кај фитнес-експерти. Сега актуелно мислење е дека рафинираните јагленохидрати треба да се избегнат наутро.

За доручек, најважно е да се изеде урамнотежен оброк, кој ќе ви даде гориво и ќе ви обезбеди доволно шеќер во крвта. Ако сакате да уживате во оброк кој содржи рафинирани јагленохидрати, јадете ги пред крајот на денот.

Без балансиран доручек кој содржи протеини и здрави јагленихидрати, количината на шеќерот во крвта се намалува, затоа наскоро ќе доживееме глад и недостаток на енергија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk