Жените повеќе не мечтаат за свадба од соништата. Се почесто се одлучуваат за семејство, купување на стан со партнерот и вонбрачен живот.
Ова можеби ќе ги шокира традиционалистите, но скоро три четвртини од жените велат дека е сосем во ред да имате деца пред бракот, додека 9 од 10 жени живеат со партнерот пред брак.
Од две илјади млади жени, дури 76% рекле дека со задоволство би се оствариле во улогата на мајка без венчален лист.
Околу 80% од жените помеѓу 18 и 34 години велат дека би размислиле за засновање на семејство пред брак, додека 35% од жените преку 55 години и понатаму не одобруваат деца пред брак.
Кога е во прашање заедничкиот живот и тука се жените полиберални, па така 67% од нив пред брак сакаат да живеат со партнерот, па дури и да вложуваат во неговиот дом.
Истражувањето покажува дека традиционалните вредности се менуваат кога е во прашање бракот.
