← НАЗАД НА БОЗА

ПРОБЛЕМИ СО ТИНЕЈЏЕРИТЕ: Како да препознаете дека ве лажат?!

ПРОБЛЕМИ СО ТИНЕЈЏЕРИТЕ: Како да препознаете дека ве лажат?!
128 Читања

Родителите често не знаат кога нивниот тинејџер е чесен, а кога ја избегнуваат или искривуваат вистината.

Експертите наведуваат неколку индикатори кои можат да детектираат дали детето лаже.

Говорењето на вистината и адолесценцијата обично не одат заедно, затоа што ова време во животот е лизгава патека за мали, како и поголеми лаги.

Родителите често не знаат кога нивниот тинејџер е искрен, а кога ја избегнува или ја искривува вистината, па понекогаш се измамени, а понекогаш и неправедно го обвинуваат детето.

А ова подолгорочно негативно влијае врз нивниот однос и создава напната, негативна атмосфера во домот.

Експертите наведуваат неколку индикатори кои можат да откријат дали детето лаже, па затоа им препорачуваме на родителите тие да им бидат некој вид на тест.

Се двоумат за одговорот

Веднаш штом ќе забележите дека на прашањето тинејџерот одговара со: „Пааа …“, додава неповрзани детали и многу непотребни информации, обидувајќи се да ја смени темата или користи повеќе сврзници од вообичаено, значи дека купува на време и многу веројатно бега од областа на вистината.

Премногу гестикулираат

Го прашате дали направил нешто или кажал, а тој одеднаш почнува да се препотува, да мрда со рацете, да се чешка, ја соблекува јакната, врти со очите, ги гризе ноктите или усните – прилично сме сигурни дека тој се обидува да ја изврти вистината.

Одбиваат да слушаат и стануваат агресивни

Дете кое инаку не е премногу импулсивно или нервозно, а потоа одеднаш покажува агресија, претеран гнев или на поставеното прашање се брани со напад, одбива да го слушне она што му го кажувате – најчесто го прави тоа затоа што лаже.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk