Сите млади родители се многу еуфорични кога станува збор за првиот роденден на нивното дете, а во поголемиот дел случаи тоа станува збор за прослава на самите родители отколку за малиот славеник.
Првиот роденден иако е многу важен би требало да се прослави во интимно опкружување за да ви биде пријатно и на вас и на детето. “Народна веселба” која е популарна на нашите простори во главно се забавуваат родителите и роднините.
Присуство на голем број на деца на првиот роденден не е неопходно бидејки малиот славеник ќе биде во голема гужва и во непознато опкружување во некои игротеки каде што може да се вознемири и да се преплаши. А тоа секако не го посакувате. Чувајте ги таквите идеи за некои следни родендени кога детето малку ќе порасне и ќе свати за што станува збор.
Првиот роденден поминете го во круг со најблиското семејство за да детето се чувствува удобно во познат простор, купете мала торта, дувајте свеќичка и направете убави спомени без преголем раскош и хаос.
За поклон поголемиот дел од родителите бираат нешто практично што на нивното дете му е потребно, но покрај тоа, можете да купите и некоја ситница, играчка, која ќе ја чувате како првиот подарок на бебето.
Нека тој ден биде денот на вашето дете и вас, во потполна смисла.
