По долго криење од јавноста и мистеријата дали Кајли Џенер е трудна или не, најмладата членка на сeмејството Кардашијан пред неколку дена им соопшти на фановите дека го родила своето прво дете.
Риалити sвездата на 1.фебруари ја подели среќата со светот, а потоа им се извини на фановите заради тоа што ги држела во неизвесност.
Исто така, таа објави и видео од нејзината бременост која девет месеци успешно ја криеше од јавноста.
Се чини дека на младата мајка и недостасуваа социјалните мрежи, бидејќи овие денови е доста активна. Така Кајли сега ја објави и првата фотографија од својата мезимица на Инстаграм и откри дека се вика Сторми.
