Ако имате бебе дома и гледате дека плаче, тогаш знаете со сигурност дека нешто го мачи, а вие не знаете како да му помогнете па заради тоа се чувствувате како лош родител.Еден од привите маки кои доаѓаат со малите бебиња се растењето на заби.
Од шестиoт месец на живoтот на бебињата се појавуваат првите заби. Обично прво растат долните единици, а има и случаи каде децата немаат заби до нивниот прв роденден. Тоа не е загрижувачки бидејќи кај некои деца забите растат подоцна, особено кога станува збор за момчињата.
Од 13 до 19 месеци бебето почнува да се смее и да ги покажува забите на горната и долната вилиза,а до 23 месеци растат и останатите заби. Од 23 до 33 месеци растат останатите катници бидејќи се и многу поголеми од останатите. Растењето на заби е многу болно за малите дечиња, па затоа секој родител треба да се труди да го олесни овој период најмногу што може.
За да се олесни болката најчесто на малите деца им се даваат играчки со тврда гума за гризење, само треба да се избегнуваат играчки кои се полнети со течност или кршливи за да не се повредат децата. Масирањето на непцата со ладна и влажна крпа може да биде од голема помош, тврдат педијатрите.
Постојат многу препарати кои се на природна баз, а кои може да се користат за олеснување на болката кај дечињата. Многу е важно уште од рана возраст да се започне со хигиена на устата.
Родителите треба да започнат со чистење на забите уште веднаш кога ќе се појават. Да ги бришат забите со влажна памучна крпа, а подоцна и со мека четкичка за заби наменета за деца.
Треба да водите сметка за тоа каква храна и течности му давате на вашето дете и како тие влијаат на забите. Избегнувајте да давате сокови, млеко или лесни кашички пред спиење бидејќи остатокот од храна во устата создава бактерии преку ноќта и така се создава кариес.
Доколку приметите кариес на забите кај вашето дете веднаш консултирајте се со стоматолог за соодветен третман и понатамошна заштита. Може ви се чини рано, но негата на забите од рана возраст резултира со здрави заби понатаму во животот.