Sweet Home

Психологија на боите: Совети за уредување на домот

Црвената буди апетит, светлите нијанси на сина и зелена опуштаат, додека жолтата и портокаловата се “задолжителни” за поткревање на позитивната атмосвера.

Погледнете ги овие совети за уредување на домот на професионалните дизајнери и изберете ја соодветната боја за секоја просторија во станот.

Кујната обојте ја во онаа боја која ве потсетува на детството. На пример, ако се сеќавате на мирисот на колачи од бабината кујна, присетете се на боите на нејзините ѕидови и искористете ги во својот дом.

Жолтата е исто така идеална за кујната, бидејќи го забрзува метаболизмот и дава дополнителна доза на енергија. Доколку сте на диета, црвената боја избегнувајте ја во кујната или трепезаријата, бидејќи го поттикнува апетитот.

За собите кои имаат функции за опуштање, како спална или купатило, искористете ги светлите нијанси на сина, зелена или боја на лаванда. Сината боја буди желба за работа, па така можете да ја искористите за работната соба.

Напиши коментар