Новости

Ралф Лорен прославува 50 години кариера

“Јас не дизајнирам облека, дизајнирам соништа”, е позната и радосно цитирана реченица на легендарниот Ралф Лорен. И навистина тоа и го прави, за радоста на сите љубители на модата, веќе 50 години.

Кој може да замисли дека комерцијалниот патник кој ги позајмил првите пари за да основа компанија, ќе стане синоним  за реализација на американскиот сон. Сепак, еден од најбогатите луѓе во светот вели дека има сè што сака од животот, и  неговото семејство како и односите со блиските за него се најважни.

Во едно интервју, модниот татко на Големиот Гетсби изјави: “Долго време сфатив дека моето најголемо богатство е односот што го изградив со сопругата и децата. Тоа, покрај здравјето, нема цена”

Напиши коментар