Зухаир Мурад е дизајнер кој знае како да и угоди на префинетата женска естетика и затоа важи за еден од омилените современи дизајнери.

Неговата нова колекција венчални фустани е олицетворение на неговата отменост и раскош, што како дизајнерски идентитет му донесе планетарен успех.

Но, она што ја прави оваа колекција уште попривлечна, е суптилниот спој со романтичната естетика пренесена преку изборот на нежна тантела украсена со флорални детали.

Долгите и впечатливи велови, што за следната сезона веќе се најавени како водечки тренд, доминираат и во оваа колекција. Забележително е дека на секој детаљ е посветено исклучително внимание, а кроевите се предмет на мајсторска игра која резултира во различни силуети, од такви што ја следат линијата на телото до волуменозни здолништа во А крој.






