← НАЗАД НА БОЗА

Размислувате за кратка коса? Овие фризури ќе ве наговорат да ја задржите својата долга коса!

Размислувате за кратка коса? Овие фризури ќе ве наговорат да ја задржите својата долга коса!
137 Читања

Почетокот на есенскиот сезона направи голем пресврт во модниот, но и во beauty светот. Почетокот на новите трендови се наоѓа во нежната и богата палета на бои кои ќе ги трансформираат нашите омилени модни класици и ќе ги создадат најпосакуваните есенски make-up изгледи.

Додека другите трендови во модниот свет ќе ги истакнат новите кроеви и примероци, силуети и детали, beauty светот за дополнителна доза на освежување ќе се сврти кон светот на фризурите.

Кратка или долга коса?

Кога зборуваме за косата и фризурите, најприоритетните трендови за есенската сезона беа искристализирани и пред почетокот на сезоната, а во фокусот ги ставија боб и лоб фризурите. Со шармантен изглед и едноставни за одржување, боб и лоб фризурите веќе неколку сезони се IT избор, а во последните недели ги гледаме насекаде, поради што многу од нас многупати размислувале на драматично кратење на косата.

И покрај тоа што за многумина одлуката за боб или лоб фризура ќе биде фантастичен  beauty потег поради кој што брзо ќе заборават на своите изгубени долги прамени, други ќе зажалат во моментот. Ако не сте сигурни дали сакате или не сакате да ја скратите косата, подолу ви даваме одлична доза на инспирација која ќе ви помогне да ја освежите вашата фризура и повторно да се вљубите во својата долга коса. А ако и по неколку недели сеуште размислувате за пократка должина, секогаш можете да се вратите кај фризерот.

Шишките и степените се најдобрите пријатели на долгата коса, кои во неколку чекори ќе ја трансформираат вашата фризура. Од неколку слоеви кои ќе внесат волумен и динамичноста во долгата коса до трендовските shaggy слоеви, слоевите ќе бидат промена за која што ќе одлучат сите оние кои сакаат да играат на сигурно. Малку похрабра промена се крие во шишките, особено ако никогаш досега немавте шишки. Пробајте едноставни шишки на страна или одлучете се за рамни и длабоки шишки.

Ние продолжуваме да навиваме за долгата коса, а во продолжеток ви прикажуваме неколку фризури кои ќе ве натераат да останете во друштвото на “долгокоси”:

View this post on Instagram

Gucci. Gucci. Gucci. @netaporter #TheNETset

A post shared by Natalie Lim Suarez (@natalieoffduty) on

View this post on Instagram

Moooooonday 🐆

A post shared by Leia (@leiasfez) on

View this post on Instagram

🍯

A post shared by Sofia Tsakiridou (@matiamubysofia) on

View this post on Instagram

Mornings in Amsterdam… 🌷

A post shared by Saasha Burns (@saasha_burns) on

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk