← НАЗАД НА БОЗА

Развојот на венчаниците и нивното значење низ вековите

Развојот на венчаниците и нивното значење низ вековите
293 Читања

На денот на нивната венчавка, жените од стариот Египет специјално се облекувале, облечени во долги фустани, шарени наметки, додека на главата носеле марама која била закачена позади уши.

Во античка Грција, биле завиткани со наметки, под нив носеле туники а на главата имале венец од мирта- цвет на Афродита, божицата на љубовта.

Во Англија, во 14 век, принцезата Филипа на својата венчавка носела она што денес потсетува на венчаница, а потоа и девојките почнале на венчавките да носат гранче во раката кое симболизира верност.

Белите фустани на венчавка почнале да се носат во почетокот на 19 век кога е претставен и обичајот со свадбените подароци, приеми и свадбени торти. Тогаш прв пат се појавил и превезот на главата, младите носеле букет цвеќе, а забележано е дека и младите тогаш прв пат носеле и ракавици.

Иако белата боја останала императив кога венчавката во фустани била во прашање, под нападот на феминистичкото движење и сексуалната револуција на 70-тите години на минатиот век, на венчавката се носеле фустани во сите бои и должини, долгиот фустан веќе не бил задолжителен.Но, сепак сега тоа повеќе зависи од желбата на младите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk