Ако сакате поздрав оброк, а сепак сакате да направите нешто убаво, за оние кои ги сакаат тестенините, обидете се со феноменалниот рецепт за лесна лазања со зеленчук. Здрава и подеднакво вкусна опција. Таа е идеална за ручек што ќе им се допадне на сите.
Состојки:
4 тиквички исечени по должина
600гр спанаќ
400гр сос од домати
1 ситно сецкан кромид
4 чешниња бел лук
2 дл маслиново масло
20 гр сецкан босилек
150 гр кашкавал
1 јајце
50 гр пармезан
Лажица ситен магдонос
Прстофат сол и бибер
Подготовка:
Пуштете ја рерната на 190 ° C. Загрејте го маслиновото масло, па додадете го кромидот и пропржете го 4-5 минути се додека не се зацрвени. Додадете лук и исто така пропржете. Потоа ставете сок од домати и бибер и гответе околу 20 минути, мешајќи повремено. Тргнете ја тавата од оган и додадете босилек и спанаќ па добро се измешајте. На садот за печење наредете ги парчиња тиквички и печете ги 7-8 минути. Извадете ја тавата од рерната, нека се излади за неколку минути. Во сад измешајте го кашкавалот, пармезанот и јајцата. Ставете го сосот во садот за печење, потоа наредете ги тиквичките и посипете ги со кашкавал и повторувајте додека ги имате состојките. Најгоре ставете го пармезанот. Печете 30 минути, потоа извадете ја тавата да се излади, па ставете магдонос и сервирајте.