← НАЗАД НА БОЗА

РЕГУЛИРАЈТЕ ГО ПРИТИСОКОТ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ на природен начин со помош на нашите совети

РЕГУЛИРАЈТЕ ГО ПРИТИСОКОТ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ на природен начин со помош на нашите совети
237 Читања

Долгорочниот висок крвен притисок може да предизвика зголемен ризик од мозочен и срцев удар и дијабетес тип 2.

Најчестите причини за висок крвен притисок се неурамнотежената исхрана, прекумерната доза на алкохолни пијалоци, хроничен стрес, пушење, недостаток на физичка активност и дебелината.

Но, постојат природни начини кои можат да бидат успешни во регулирањето на нивото на холестерол и крвниот притисок.

Зелен чај

Зелениот чај содржи голем број на соединенија кои помагаат во намалување на нивото на LDL холестеролот. Една студија спроведена во Бразил покажа дека екстракт од зелен чај може да го намали нивото на LDL холестеролот за 4,5 проценти.

Глог

Глогот се користи во кинеската традиционална медицина за регулирање на крвниот притисок веќе илјадници години. Глогот има одличен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и може да помогне во спречување на згрутчување на крвта.

Цимет

Истражувањата покажуваат дека циметот во комбинација со магнезиум и здрави прехранбени навики може да го намали крвниот притисок дури за 25 mm / Hg.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk