Motherhood

Родителите на здрави деца ја имаат оваа карактеристика

Здравјето на децата во голема мера е поврзано со нивото на образование на нивните родители, покажа новото германско истражување.

Не е потребен докторат за да се биде добар родител. Сепак, образованието на тоа може да има многу поголемо влијание отколку што мислиме.

Истражувањата покажаа дека здравите деца имаат повеќе образовани родители.

На децата чии родители немаат факултетска диплома почесто им се препишуваат медикаменти и тие почесто одат во болница од децата чии родители се високо образовани, покажува истражувањето за деца и адолесценти, кое било извршено од страна на германската организација за јавна здравствена заштита, DAK-Gesundheit.

Тоа беше посебно истакнато кај расипувањето на забите и гојазноста, кои се забележани три пати повеќе кај децата со помалку образовани родители. Постоела и слична поврзаност во поглед на развојот на нарушувањето на однесувањето.

Степенот на  образование на родителите има поголемо влијание отколку што беше очекувано, според членот на DAK-Gesundheit, Андреас Сторм, кој тврди дека детската болест е често поврзана со начинот на живеење на нивните родители.

Волфганг Грејнер, професор по здравствени економии на Универзитетот Bielefeld и еден од авторите на извештаите, рече дека за здравјето на децата би било покорисно да се инвестира во образованието отколку да се зголемат домашните приходи.

Истражувањето се базира на податоци од речиси 590.000 деца и околу 430.000 родители на кои DAK им обезбедува осигурување.

Напиши коментар