Состојки
- 500 гр брашно тип 500
- 250 мл топло млеко
- 30 гр. квасец (свеж)
- 10 мл масло
- 1 лажичка сол
- 2 печени пиперки
- 150 гр гауда
- 10-12 cherry домати
- 4 лажици кечап
- свеж босилек
- суво оригано
- изрендан пармезан
Подготовка
Во млако млеко ставете го квасецот и шеќерот и оставете го да надојде. Во подлабок сад ставете ја половината од брашното и лажичка сол. Измешајте, а потоа ставете го млекото и квасецот, маслото, додадете го остатокот од брашното и замесете го тестото. Оставете го на топло да надојде.
Тестото развлечете го во правоаголник 50×80 и намачкајте го со кечап. Наредете ги исечените печени пиперки, cherry доматите, а потоа наросете рендано сирење и исецкан босилек. Замотајте го во ролат, исечете го на парчиња околу 1,5-2 см ширина. Пицетите наредете ги на плех за печење, премачкајте ги со изматено јајце и наросете суво оригано.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути или додека не поруменат.
Послужете ги пицетите со изрендан пармезан.