Мојата кујна

Ролат од костени и чоколадо

Состојки:

500 гр брашно од костени
200 гр чоколадо
4  лажици слатка павлака
60 гр путер
50 гр кафеав шеќер

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ја слатката павлака, путерот, шеќерот и здробеното чоколадо и гответе ги на пареа се додека не се стопат и не се соединат убаво. Во смесата додајте го брашното од костени и сето тоа добро измесете го.

Потоа оставете ја смесата да се излади. Направете ролат од смесата и потоа оставете го во фрижидер да отстои една вечер. Ролатот послужете го со какао или турско кафе. Во овој ролат може да уживаат сите оние кои не поднесуваат глутен или јаткасти плодови.

Напиши коментар