Кога станува збор за здрава исхрана, некои преферираат да јадат три до четири оброци на ден, додека други јадат пет до шест помали оброка.
Нутриционистката Лејн Бард се одлучила за три оброка со умерена големина и две до три ужини, и судејќи по тоа како изгледа во бикини, токму нејзиниот избор и помага во тоа да биде тенока и здрава.
Лејн изјави за Инстаграм со што се храни. Денот започна со грчки јогурт со житарици, бобинки, ореви и семиња. Јаде варено јајце и банана јаде за ужина и пие кафе. Третиот оброк и е тортиља со туна, сирење, моркови, зелена салата и домати и планински чај без шеќер.
Потоа повторно јаде ужина, грчки јогурт со гранола. Петиот оброк е териаки лосос и кафеав ориз со многу салата и планински чај. До крајот на денот, Лејн јаде домашни протеински топчиња со кикирики.
“Никогаш не се изгладнувам, а не пазам многу и на внесот на калории, не е дека не внесувам јаглени хидрати, масти, млечни производи или глутен “, вели Лејн и додава дека повремено си дозволува и слатки.
“Ако јадете здрава храна, секогаш има простор за повремени да се почестите со нешто благо”, пишува таа.
Исхрана на Лејн е базирана на многу овошје и зеленчук, протеини, здрави масти, ореви и чај богат со антиоксиданси, и советува да се пие повеќе вода во текот на денот.