Мода

Салонки со елегантни токи: Модерен класик кој ќе го носиме цела зима

Салонките со токи и кристали никогаш не излегуваат од мода,а се носат во текот на целата година.

Култен пар чевли кои ги обожаваат љубителките на класици и добар стил,   дефинитивно се сините Manolice. Дизајнерот Manolo Blahnik ја доби светска слава благодарение на Carrie Bradshaw во филмот Сексот и градот.

Добро е познато дека за еден потпис треба да се одвои огромна сума пари.

Затоа, дизајнерите од целиот свет одлучија да направат веродостојни модели кои познатите трендсетерки подеднакво ги обожаваат и ги вклучуваат во своите модни комбинации.

Во продолжение погледнете како ги носат, и кои салонки се истакнаа како најпосакувани дел од нашиот изглед.

Покрај моделот Manolo Blahnik, дизајнерите Anabelle Tsitsin и Roger Vivier ги лансираа салонките со шармантни токи кои ги потенцираат најдобрите делови од женските нозе. Токите со кристали го даваат завршниот „bling“ што ќе ја заокружи секоја комбинација.

Тие доаѓаат во весели бои од жолта, розева, смарагдна и сина, па кристалите на нив додатно се истакнуваат. Со оглед на тоа дека доаѓаат во модели со различни висини на потпетици, со задоволство ќе ги носиме како дел од дневните есенски изгледи и ќе му додадеме доза на гламур на есенското сивило.

View this post on Instagram

Baby’s got a new pair of heels 💥

A post shared by Jacey Duprie (@jaceyduprie) on

Slingback салонките го пронашле своето место на модната сцена уште минатата година. Иако дел од чевлите е отворен, тоа не ги спречува трендсетерките да ги носат дури и за време на постудените денови. Со интересни чорапи во истиот момент, тие ја истакнуваат целата комбинација без многу напор. Подготовката за претстојната сезона вклучува пребарување на party парчиња во кои ќе создаваме убави сеќавања. Неизбежните светки, „шљокици“ и сè што сјае ќе се најдат на репертоарот на празничните модни комбинации, а салонките со токи се наметнуваат како последен детаљ со кој комбинацијата го добива своето значење. Мерлин Монро изјави одамна: Дајте и ги на жената вистински чевли и таа ќе го освои светот. Нас не освоија парот салонки со тока кои што сакаме да ги додадеме на колекцијата на чевли во плакарот.

View this post on Instagram

a pop of pink w/ @manoloblahnikhq 💕 | anzeige

A post shared by aylin koenig (@aylin_koenig) on

View this post on Instagram

All you need is ❤️ #AMOR #resort19 #BYANABELLE

A post shared by ABYANABELLE (@byanabelle) on

View this post on Instagram

My Fav 💎🎀 #me #GG

A post shared by Giorgia Gabriele (@jogiorgiajo) on

Напиши коментар