← НАЗАД НА БОЗА

САМО ЕДНА СОСТОЈКА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ГИ СКРОТИТЕ ЛОКНИТЕ

САМО ЕДНА СОСТОЈКА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ГИ СКРОТИТЕ ЛОКНИТЕ
169 Читања

Хидратира, ја храни и прави косата сјајна, мека и уредна.

Доколку сакате да ги дефинирате вашите нескротливи локни, а во исто време и да ги храните влакната на косата, но да не ја оштетите, направете природен препарат од лен. Тој има моќ да ја хидрира, негува и направи косата сјајна, мека и уредна, бидејќи содржи емулзија која го обложува влакното и го штити од влага и сувост.

Земете три лажици лен и истурете ги во тенџере, прелијте со два децилитри ладна вода и ставете го тенџерето на шпоретот. Повремено мешајте додека не зоврие, потоа измешајте неколку пати, тргнете го тенџерето од ринглата и покријте го со капак. По пет минути исцадете ја добиената смеса и истурете ја во стаклена тегла.

Чувајте го гелот во фрижидер, а нанесувајте го после секое миење на косата, така што, додека е сè уште влажна, поделете ја косата на неколку дела и секој прамен, од коренот до врвот, премачкајте го со гел.

Исчешлајте се и исушете ја косата со фен.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk