Дестинации

Сардинија… единствена заводливост

Ова преубаво нуди вистинско богатство пејзажи… море, карпи, преубави песочни плажи, вековно историско наследство…

Југозападната островска италијанска покраина,е сместена  во западното Средоземје, јужно од француската Корзика, од која ја дели Moreuz Bonifacio. Со неколку мали острови во опкружувањето, ова е вториот остров по големина во Средоземното море, после Сицилија. Сардинија најмногу ја карактеризираат нејзините преубави брегови и долгите песочни плажи, особено на север од островот, каде се наоѓа познатата Costa Esmeralda, долга 55 километри, која има прекрасна бела песок. До неа се наоѓа со брод.

Најголем и главен град на островот е Каљари, градот преполн со продавници, барови и ресторани, така што овде ќе имате загарантиран урбан помин. Морето е чисто,а градската плажа е преполна со луѓе, до доцна во ноќта. Кастело е најстариот дел од градот, од кој се овозможува поглед кон прекрасниот залив. Во него има ѕидови кои доминираат дури од 14 век.

Катедрала од 13 век се наоѓа на плоштадот Piazza Pallazo. Municipio е местото кое се наоѓа веднаш до катедралата, а на него е сместена гувернерската палата, во која е сместена градската власт. Интересни за посета се и амфитеатерот сместен високо на карпи, градската плажа Poetto.

Сардинија е навистина единствена и заводлива.Морето има неверојатно тиркизна, а плажите златна боја, водата е толку кристално чиста, што можат да се видат шарените каменчиња на дното, а од далеку сјаат сите нијанси на сина, зелена и виолетова боја.

 

 

 

Write A Comment