Новости

Се чувствував како јагне што го носат на колење: Принцезата Дајана само еден ден пред венчавката сакала да ја откаже

Десетина дена по кралската венчавка на британскиот принц Хари со Американката Меган Маркл, јавноста уште ги сумира впечатоците. Општиот заклучок е дека венчавката беше топла, спонтана, полна со љубов и надеж… драстична спротивност на денот кога мајката на Хари, Дијана, се венчаваше со принцот Чарлс во 1981 година.

Познато е дека бракоот на принцезата Дијана и принцот Чарлс не беше најсреќен, а документарецот објавен неодамна откри дека Дијана сакала да ја откаже венчавката еден ден претходно.

Таа наводно ги видела Чарлс и Камила Паркер Боулс неколку дена претходно како разговараат и тој ѝ ветил дека „ќе ја сака засекогаш“.

Ден пред венчавката Дијана ѝ рекла на сестра ѝ дека не може да се омажи за човек кој е заљубен во друга жена, но сестра ѝ ја премислила.

„Доцна е веќе за тоа. Твојот лик е на сите шолји за чај во Лондон“, ѝ рекла таа.

Во истиот документарец, принцезата Дијана признала дека на денот на венчавката се чувствувала „како јагне што го носат на колење“.

https://www.youtube.com/watch?v=26jdVlIfb84

„Додека влегував во црквата, со поглед ја барав Камила и ја здогледав облечена во сив фустан. Се надевав дека по венчавката ќе биде завршено меѓу нив, но не беше така. Мојот сопруг на нашиот меден месец носеше бразлетна со две букви „C“ (Charles&Camilla), што таа му ја подари“, изјави Дијана пред разводот со принцот Чарлс.

 

Напиши коментар